March 22nd, 2012 by marijana | Нема коментари
Пропорционалниот модел за избор на пратеници во Собранието на РМ со затворени листи, кој беше воведен во 2002 година ги покажа во практика своите добри страни. Но, гледано од денешен аспект на функционирање на политичкиот систем во РМ, парламентот како столб на демократските процеси во парламентарната демократија и отчетноста на избраните пратеници, овој систем веќе [...]
March 16th, 2012 by marijana | Нема коментари
На 14 март се одржа и последната од предвидените дебати во рамките на овој циклус од кампањата “Твојот избор да биде личност”. И граѓаните на Гостивар, како што беше случај и на сите претходни дебати, во голем број присуствуваа и активно учествуваа на дебатата.
March 14th, 2012 by marijana | Нема коментари
И последната од серијата регионални дебати потврдува дека граѓаните сакаат да дебатираат за можните начини на унапредување на изборниот систем
March 12th, 2012 by marijana | Нема коментари
Циклусот на дебати во рамките на оваа фаза од кампањата “Твојот избор да биде личност” се ближи кон својот крај. Досега одржавме 8 дебати низ целата држава, а последната дебата ќе се одржи во Гостивар, на 14 март (среда).
March 12th, 2012 by marijana | Нема коментари
Начинот на гласање кај отворените листи, како впрочем и воведувањето на целокупната изборна постапка со отворени листи, е високо рангирано политичко прашање кое бара постигнување консензус меѓу најрелевантните политички партии во земјата.
March 2nd, 2012 by marijana | Нема коментари
На 29-ти февруари во Битола се одржа претпоследната од предвидените дебати во рамките на кампањата “Твојот избор да биде личност”. Повторно бевме сведоци на преполна сала со граѓани кои во голема мера го поддржуваа предложениот модел со отворени листи и беа заинтересирани за различни аспекти од неговото функционирање.
March 1st, 2012 by marijana | Нема коментари
Изборниот модел со отворени листи, којшто е израз на највисоко ниво на демократија, е најкарактеристичен за Европа, поточно за земјите од Европската Унија. Но, покрај во овие земји, тој се употребува и во други 10-ина земји од светот, односно од 71 земји кои користат пропорционален систем на светско ниво, 30 употребуваат некоја варијанта на отворените [...]
February 28th, 2012 by marijana | Нема коментари
Иако лошите временски услови за краток временски период ги одложија средбите со граѓаните, караванот продолжува понатаму. Во среда ја посетуваме Битола и бидејќи почетокот на новата 2012 година донесе зголемен интерес на граѓаните за учество на локалните дебати, не помалку очекуваме и од граѓаните на Битола.
February 24th, 2012 by marijana | Нема коментари
Минатогодишните парламентарни избори беа четврти одржани по пропорционалниот изборен модел со затворени кандидатски листи.
February 20th, 2012 by marijana | Нема коментари
Отворените, заедно со слободните изборни листи, се листи кои овозможуваат електоратот на најдемократски начин да ги избере носителите на политичките функции во една земја. Со отворените листи гласачите не само што ја избираат партијата, туку ги избираат и конкретните кандидати од партиската листа кои сметаат дека заслужуваат да бидат избрани.