ОТВОРЕНИ ЛИСТИ

За МОСТ

Граѓанската асоцијација МОСТ е домашна, невладина и непартиска организација, формирана во мај 2002 година, од страна на претставници на 20 невладини организации од целата држава.

Мисија

Мисијата на МОСТ е да придонесе за градење на подемократска, постабилна и просперитетна Македонија, преку инволвирање на граѓаните во активности и проекти кои обезбедуваат транспарентност, одговорност и отвореност на државните институции кон вистинските потреби на граѓаните.

Од почетокот на своето постоење, организацијата има значајна улога во домашното набљудување на изборите, докажувајќи се како добар организатор и достоен лидер во граѓанскиот сектор. Вклучувањето на граѓани од сите етникуми, религии и политички погледи во активности од интерес на целото општество претставува значаен успех за граѓанското општество во Македонија. Базата на податоци од повеќе од 26.500 волонтери со која располага организацијата е доволен доказ за тоа.

Цели на организацијата

  • Едукација на граѓаните и поттикнување на нивно зголемено учество во општествените процеси во Македонија;
  • Зголемување на одговорноста на цивилите, политичките и владините институции кон потребите на граѓаните;
  • Зголемување на степенот на отвореност и транспарентност на сите субјекти и процеси во општеството.

Со цел да се исполнат мисијата и целите на организацијата, своите активности МОСТ ги спроведува во рамките на следните програми:

  • Едукација и вклучување на граѓаните;
  • Отворени институции; и
  • Одговорност и транспарентност.

Првиот проект на организацијата кој што ги надмина очекувањата беше “Домашно набљудување на парламентарните избори 2002 година”, што претставуваше пионерски чекор во Македонија. Оттогаш па наваму, МОСТ  има набљудувано 5 изборни процеси на национално ниво, 4 изборни процеси на локално ниво во Република Македонија, како и 3 референдуми и претставува значаен фактор кој придонесува кон нивна поголема транспарентност.

Освен набљудувањето на домашните избори, МОСТ, како дел од Европската мрежа на организации кои набљудуваат избори (ENEMO), учествувал во набљудување на избори во 15-ина земји од просторите на поранешниот Советски Сојуз и Централна и Југоисточна Европа.

Во 2003 г., МОСТ ја потпиша Загрепската декларација за домашни набљудувачи со која се унифицираа основните начела и принципи на домашното непартиско набљудување на избори на европско ниво, а во 2010 г. во Јоханесбург, е потписник на Нацрт-декларацијата за глобални принципи за непартиско набљудување од страна на граѓански организации, како и на Кодексот на однесување за непартиски набљудувачи.

На следната страница прочитајте за активностите на МОСТ од 2004 до денес.

Продолжи на страница: 1 2


TwitterFacebookYouTube

Дали кампањата "Твојот избор да биде личност" ве поттикна да размислувате за воведување на изборен модел со отворени листи?

Погледни ги резултатите

Loading ... Loading ...

Конференција 03.05.2012

Актуелниот и предложениот модел

Имплементатори: Поддржано од:

   
       
Медиумски покровител: